Писмо на отец Павел Флоренски

о. Павел Флоренски

Loading

о. Павел Флоренски

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Многу пати започнував да Ви пишу-

вам, и исто толку пати престанував со пи-

шувањето. Имав необично изразена желба

да бидам во допир со Вас, но не Ви пишав,

(дури ни сега не го пишувам она што би са-

кал), бидејќи со мојот живот завладеа нека-

ква неискажливост, и тоа до таа мера што

дури ни за себе не наоѓам зборови за во нив

да го сместам своето внатрешно битие.

Само едно ми е јасно: насекаде нека-

кви темни ѕидови, удри ако сакаш и со

глава во нив, нема ниту едно дупче во

нив да направиш.

Од науката и од философијата и

на нив сличните нешта одамна кренав

раце и престанав да мислам дека тие се

„сè“. Токму тогаш почнав да потсогле-

дувам, дека смислата и целта на на-

шиот подвиг и труд –  е општењето со

личноста: не во „дејствителната љу-

бов“ и не во „служењето на ближниот“

(ни на тоа не гледав и не гледам како на

„сè“), туку во допирот на голата душа

со гола душа. Ако постои можност

човек да постигне нешто позитивно,

тоа може да се случи само во таков до-

пир и низ такво соединување, во кое-

што барем двајца луѓе би се сфатиле

еден друг засекогаш и до крај. Само во

таков допир тие можат да се откријат

еден на друг како бескрајност. Видов

дека таквото единство е основа на сè, и

дека тоа е постулат на севкупниот жи-

вот. Но дали е тоа остварливо? Тоа е

судбинско прашање за мене. И иако во

извесни мигови тоа ми се чини како

полна стварност, во други, пак, тоа непо-

вратно исчезнува, остава и зад себе гра-

ници и бездни меѓу личностите. Тогаш из-

гледа дека сите напори тие да се премостат

остануваат тажна и бесмислена човечка

мака… На човек не му е потребен пријател,

па макар бил и гениј, не му се потребни

умни, префинети и фини односи, потребен

му е едноставно Другар, и топли, целосно

човечни односи, такви односи, кога се да-

ваат себеси, а не своето, и те земаат тебе, а

не твоето. Дали е тоа можно? Ако не е, то-

гаш сиот живот е обвиткан со безизлезно

мрачна наметка, оти без тоа станува не-

возможно и какво и да е создавање и дејс-

твување. Оти „делата“ сами по себе, не-

осветлени од личните односи, ми изгле-

даат премногу непотребни. Сите „дела“

за мене имаат само симболична вредност,

т.е. доколку тие го изразуваат и му слу-

жат на личното општење, не на внатре-

шниот сојуз.

Можно е, од философска и литера-

турна гледна точка, дека јас во овој мо-

мент зборувам премногу наивно и повр-

шно. Но кога животот исчезнува, на чо-

века не му е до ‘длабочини’, и кога не се

занимава со ништо од она што е единс-

твено потребно. Јас не сакам ‘длабочи-

ни’, не ми треба литература, не ми тре-

баат ‘дела’ и креативност, иако можеби и

би можел да дадам нешто генијално. Ап-

солутната вредност, познанието на Бога,

не зависи од нас, не се среќава „низ огле-

далото во загатка“ – во немирниот  вртлог

на симболите на поезијата и философија-

та; нам ни требаат не срамежливите нас-

мевки на Мудроста, туку – сè или ништо!

Да се допре Бог со рака, ако е тоа можно,

мислам дека е можно само преку душата на

другиот, Другарот; и со тоа сè ќе се испол-

ни со сознанието за стабилноста, да се фа-

тиш за „мишката на Силниот“… Сè останато ќе биде благословено, свето, добро, но не сега туку тогаш….

 

ПИСМО НА ФЛОРЕНСКИ ДО НЕГОВ БЛИЗОК ПРИЈАТЕЛ

 

Отец Павел Флоренски (1882 – 1948), познат по својот докторат

Столб и Тврдина на Вистината, објавен во Москва 1914 г.

ракоположен е во 1911 г. Одведен е во логор во Сибир, каде што и умира.

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *