Светите Отци за Крстот Господов

Крстот Господов

Loading

Крстот Господов
Крстот Господов

„Носењето на крстот е откажување од секој грев, откаде што се раѓа љубов, без која не може да има носење на крстот“ (преп. Авва Исаија, 59, 127);

„…Со појавувањето на Крстот уништено е секое идолослужење, и со крсниот знак се прогонува секое демонско мечтаење…“ (св. Атанасиј Велики, 1, 126).

„Со крстот станаа јавни за сите делата на богознаењето“ (св. Атанасиј Велики, 1, 126).

„Крстот ја освети вселената; тој ја растури темнината и ја врати светлината, тој ја искорени заблудата; тој ги собра народите од исток и од запад, од север и југ, и ги соедини со љубов во едната Црква, во едната вера, во едното крштение“ (преп. Ефрем Сириски, 31, 357).

„Царот го понесе на Себе Крстот – тоа е клуч на рајските порти, и Он без откажување им ги отвора портите на разбојниците и убијците“ (преп. Ефрем Сириски, 31, 357).

„Смртта е победена со Крстот, Адам е вратен во рајот, сторен е наследник на Царството, а ѓаволот посрамен“ (преп. Ефрем Сириски, 33, 476).

„Преку дрво сме умртвени, преку дрво и сме спасени“ (преп. Ефрем Сириски, 34, 167).

„Крстот (Христов) – за нас е победнички венец“ (преп. Ефрем Сириски, 34, 230).

„Да гледаш кон Крстот значи сиот свој живот да го направиш како мртов и распнат за светот, да пребиваш неподвижен за секој грев“ (св. Григориј Ниски, 18, 360).

„Достославниот крст правилно е наречен потпора и украс не само на земјата, туку и на небото, бидејќи од него е поддржана секоја твар, кога на небесните им дал радост, а на земните слобода, и го соединил разделеното“ (преп. Исидор Пелусиот, 61, 421).

„Ако своето чело и срце често ги запечатуваш со знакот на Крстот на Владиката (Христос), тогаш со трепет ќе побегнат од тебе демоните“ (преп. Нил Синајски, 73, 163).

„Има два начина да се искачиш на крстот: првиот – распнување на телото; а вториот – влегување во созерцание; првиот настанува по ослободувањето од страстите, а вториот како последица на дејствителноста на делата на духот“ (преп. Исаак Сириски, 58, 366).

„Кога ќе ги умртвиме страстите, ќе ги уништиме похотите и мудрувањето на плотта ќе го потчиниме на духот, дури тогаш ќе го земеме на себе крстот и ќе одиме по Христа“ (св. Теодор Едески, 91, 350-351).

„Гледајќи го крстот, постојано мисли дека тоа е знаме на нашето духовно војување, во кое е скриена сепобедната сила, и дека ако се оддалечиш од него, тогаш ќе бидеш предаден во рацете на своите непријатели, а ако бидеш под него, тогаш ќе го достигнеш небото и ќе влезеш во него во преславното празнување“ (преп. Никодим Светогорец, 70, 95).

„Да го земеш својот крст – значи храбро да го претрпиш тешкиот невидлив труд, невидливото измачување и мачеништво, заради Евангелието, при борбата со сопствените страсти, со гревот што живее во нас, со духовите на злобата, кои со гнев се креваат против нас… кога ние ќе одлучиме да го симнеме од себе гревовниот јарем и да се потчиниме под јаремот Христов“ (св. Игнатиј Брјанчанинов, 41, 92).

„Нема друг клуч, кој би ни ги отклучил вратите од Божјото Царство, освен Крстот Христов“ (Игнатиј Брјанчанинов, 42, 291).

„Надвор од Крстот Христов нема христијански напредок“ (св. Игнатиј Брјанчанинов, 42, 357).

„Колку голема и неопислива милост Божја е Крстот Господов. Во него е сета наша надеж“ (св. Теофан Затворник Вишенски, 81, 65).

Превод од руски јазик: свештеник Јани Мулев

Изворник:

http://www.pravmir.ru/nedelya-krestopoklonnaya-istoriya-smysl-pesnopeniya-citaty-video-audio/

 

Не кради, сподели:

One thought on “Светите Отци за Крстот Господов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *