Халал стандардот и православниот пристап кон него

Loading

ПРАШАЊЕ:

Почитувани отци, пред малку на полица видов дека мојот омилен кекс „Плазма“ го исполнува стандардот „халал“. На предната страна веќе неколку години стои „посно“, секако напишано на латиница. Халал е стандард кој е услов за извоз на храна во муслиманските земји. Го одбележува муслиманска молитва пред почеток на производството. Како ние православните да се однесуваме кон таквите прехрамбени производи? Дали треба да се воведе стандард дека производот е со благослов од Православната црква?

ОДГОВОР:

Суштината на постот, во смисла на промили технолошки измешана содржина од храна и нејзиното симболичко мени, мене како христијанин не ми прави некаков проблем. Внимавам и ја читам декларацијата на производот, но со умот не се шекнувам заради тоа.

Се сеќавам на еден познат руски прота кој за Проскомидија користеше кошер еврејско вино „Манишевич“. Многу е вкусно и благо, а навистина е чисто вино од грозје конкорд кое претходно било назначено за еврејска пасха. И на забелешката од мене младиот свештеник, полн со ентузијазам, дека кошерот е неприфатлив за нас, тој ме погледна, се насмевна, го благослови, го прекрсти шишето и на шега рече: „Сега веќе не е“. Изгледа дека не веруваме во силата на животворниот знак ИС ХС НИ КА  со кој се благословува и се осветува.

Имаме молитви пред јадење и со нашиот обред го осветуваме јадењето. „Отче наш“ е епицентар на секоја наша молитва. Понатаму треба да се молиме пред јадење и по јадење онака како што ни заповеда Црквата и сите овие проблеми се решени. Ние не само што Му благодариме на Бог за тоа што нѐ нахранил во овој ден, туку ја осветуваме и храната која ја јадеме. Го исповедаме Христос и кога јадеме, не е исто како во времето на свети Кипријан кога јаделе жртвена храна и за тоа биле осудувани како паднати. Да ја благословувале во името Христово би умирале маченички.

Во однос на таа вистина не гледам дека Православната Црква мора да воведе некои стандарди за храна. Секако не треба да нѐ лажат со тоа што ни го продаваат или да нѐ трујат, но тоа е работа на нашата држава која, за жал едвај за тоа некого повикува на одговорност. Тоа не е работа на Црквата. Црквата објаснува што е пост, а храната е само дел од него, но не и негова суштина. Во недостаток на црковност, односно црковно образование многумина постот го поистоветуваат со Православието што воопшто не е случај. Многу пати сме зборувале за тоа дека токму затоа нашата вера е над сите овоземни и примитивни религиозности кон храната (Видете: Дела Апостолски 10, 12). Едноставно, внимавајте намирниците да бидат посни според описот и составот и секогаш пред јадење славете го Бога и со Неговото име благословувајте ја храната.

Поздрав,  отец Љубо (Милошевиќ).

Превод: Свештеник Игор Пармачки

Православна светлина бр. 56

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *