(Љубовта, болката и молитвата)
Малку добро расположение да има човек и љубовта може да му го промени животот. Може буквално да го преобрази. И од див ѕвер да стане светител. Од волк да стане јагне Божјо.
Кога љубовта не е доволна, тогаш доаѓа болката. Таа следи. И функционира како прилика за да го омекне срцето на човекот. Но, болката е како врела вода. Истата вода го омекнува морковот, истата вода го стврднува јајцето. На некои им помага, а некои ги уништува.
Но, ако ниту љубовта, ниту болката не направат ништо, тогаш останува само молитвата. Молитвата на блиските. Молитвата на сите оние кои тајно коленичат и се молат за својот брат/сестра.
Христос воскресна!
Психолог Елефтериос Елефтеријадис

Превод од грчки: Свештеник Јани Мулев