Елефтериос Елефтеријадис, психолог
Стресот се храни од твоите мисли. Колку повеќе го храниш со нив, толку тој ќе расте. Толку ќе се зголемува.
Колку повеќе ќе бидеш рамнодушен и нема да започнуваш разговор со помислите, толку ќе се смират во тебе.
Затоа и ќе забележиш дека оние кои повеќе доживуваат стресови, се оние кои многу размислуваат. Оние кои размислуваат повеќе. Оние кои трчаат за сите и за сѐ…

Човекот кој си ја гледа својата работа, човекот кој одбива да си го замара умот со работа, ретко ќе го видиш да се бори со својот стрес. Може да се бори со илјада други работи, но стрес, нема лесно да видиш кај него… И не, не е решение да станеш бесчувствителен. Не е решение да станеш човек што не се интересира. Човек кој нема болка за другите…
Решението е да внимаваш на помислите кои ги ставаш во твојот ум. Како што во твојата куќа не го пушташ било кого внатре, така и во твојот ум, треба да внимаваш секогаш која помисла ја примаш…
Стресот се храни од твоите мисли.
Колку повеќе го храниш со нив, толку повеќе ќе расте. Ќе се зголемува. Научи се управуваш со нив…
Започни со тоа, да не започнуваш разговор со секоја бескорисна помисла во твојот ум.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев