Старец Ефрем Аризонски
Еден владика со својот ѓакон отишле да служат во едно село. Во тоа време немаше автомобили и така одеа со коњи и магариња за да стигнат до селото. На патот сретнаа некој сиромав човек, којшто седеше на крајот од патот.
Владиката му се приближи и го поздрави. Но, селанецот не му одговори.
„Добар ден., човеку Божји“ – повторно му рече владиката, но човекот пак не му одговори. Владиката и по третпат го поздрави и откако виде дека сиромавиот не му одговори ништо, го изгуби трпението и му рече: „Проклет да бидеш од мене!“

Си продолжија по патот владиката и ѓаконот, стигнаа во селото да служат Литургија, но после Литургијата владиката се почувствува лошо и му рече на ѓаконот: „Не ми е добро, а мислам дека ми стана вака, од моментот кога го проколнав оној сиромав човек кого што го сретнавме“.
А ѓаконот му рече: „Високопреосветен, дозволете ми да ви кажам нешто. Кога го проколнавте човекот, видов како излезе гавран од вашата уста и отиде врз сиромавиот, но се врати назад и влезе во вас!“
„Ох“, – извика, владиката, – „веројатно неправедна била клетвата. Стани побрзо да одиме и да го најдеме“. Отидоа и го најдоа и со големо изненадување се уверија дека сиромавиот човек бил глув и затоа не го слушнал поздравот на владиката!
А кога клетвата е неправедна, се враќа назад, врз оној кој ја искажал.
Превод од грчки јазик:
Свештеник Јани Мулев