При крајот на Четириесетницата

Loading

Митрополит Павле Сисаниски

Иако сега Четириесетница ни поминува, имаме уште простор…

Возљубени мои браќа, се наближува Великата Седмица.

За среќа Христос ни рече дека нѐ прима и во единаесеттиот час. Иако досега ни помина Четириесетницата, имаме уште простор.

Се наоѓаме во единаесеттиот час… да го зграпчиме! Да се покаеме! Да се промениме!

Доаѓајте да се исповедате. Сакам да ви кажам дека ако доаѓате без покајание, вашата исповед е бесполезна!

Ќе Му кажете на Бога што сте направиле? Он го знае сето тоа. Но очекува од вас и од мене да види дали сме си го промениле животот!

Исповед без покајание води веднаш во пеколот.

Да го искористиме единаесеттиот час! Да размислиме што сме направиле до денес и имаме простор да се покаеме.

Не се исмевајте себеси со една исповед за гревовите за кои не сте се покајале и не размислувате да ги промените.

Бидејќи не се доверувате на Христа. Не се доверувате на Неговата волја. Нема да се причестите ниту со страв Божји, ниту со вера, ниту со љубов.

Треба да се разбудиме, да се стресеме, да се запрашаме: „Што правам јас сега? Каде одам?“ И како разбојникот да кажеме: „Спомни си за мене во Царството Твое“.

И ако ова „Спомни си“ го кажеме со срце покајано, во тој миг ќе чуеме: „Влези во радоста на својот Господ“.

Да имаме добар подвиг, како што велеше светиот Пајсиј, и да следиме, колку сме угодни на Бога а не угодни на луѓето.

Се надевам дека ќе дојдете во покајание и умиление во Великата Седмица и камбаните на Воскресението кои ќе чукнат на Велика Сабота вечерта, да чукнат камбаните на нашето лично Воскресение и да влеземе сите во црквата за да се радуваме на Воскреснатиот Христос стекнувајќи го преку Светата Причест во нашето срце и Кој ќе остане таму.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *