Бог не го просветлува еден повеќе, а друг помалку. Сите подеднакво ги просветлува! Тоа е како зраците од сонцето, кои сите нас подеднакво нѐ осветлуваат.
Според тоа проблемот се наоѓа во нас, зависи колку ние сме приемчиви за просветление! И тоа зависи од нашата вера и каков живот водиме.

Нашата вера можеме да ја зголемиме на три начини:
- Правејќи добри дела на пр. милостина, пост, воздржание;
- со молитви;
- Со безропотно трпение во тагите и нашите искушенија.
Старец Ефрем, дикеј на Скитот на Свети Андреј (Сеј рај)
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев