Прељубник кај старец Порфириј

Loading

Еднаш на исповед кај светогорскиот старец Порфириј (Бајрактарис) дошол еден маж. Ги исповедал своите гревови, освен еден, кој бил најсериозен во неговиот живот. Тој бил женет, но ја изневерувал својата жена со љубовница. Сите тие живееле во Атина, а мажот имал возрасни деца – студенти, кои учеле исто така таму, во Атина. За овој грев тој не му кажал ништо на старецот. Кога завршил со исповедта, старец Порфириј го прашал:

  • Тоа е сѐ? Ја заврши исповедта?

Мажот одговорил:

  • Да, завршив.

Старецот му прочитал разрешителна молитва. Мажот бил подготвен да си оди, ја отворил вратата, но старецот му рекол:

  • Почекај. Сакам да ти кажам нешто. Дозволи ми да ти дадам еден совет. Жената со која ја изневеруваш својата сопруга, не ја носи повеќе во тој хотел во Атина, каде што секогаш со неа се среќаваш. Некој од твоите синови – студенти може да те види и силно да се огорчи и да те замрази. Ако таа твоја страст е толку силна, што не можеш да ја оставиш, оди со неа подалеку, за да не те види никој.

Мажот не можел ни збор да изусти од чудење. А старецот продолжил:

  • Ти дадов совет. Но тоа не е сѐ. Јас усрдно ќе се молам за тебе на Бога, и Он нема да те остави.

Поминало некое време. Тој човек навистина го изменил својот живот. Тогаш тој дошол кај старецот и клекнувајќи на колена, со плач го исповедал тој грев. А потоа му кажал на старецот Порфириј:

  • Отче, ти ме трогна со тоа што не ме искара. Во мене сѐ се испреврти. Одеднаш сфатив, дека, бидејќи ти не ме принуди, јас морам сам себеси да се натерам да се менувам. Ти успеа, без да ме осудиш, да ми помогнеш.

Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *