Остави го негодувањето, направи нов почеток

Loading

Елефтериос Елефтеријадис, психолог

Ништо не го уништува човекот толку, колку мизерноста. Негодувањето.

Постојаното жалење. Лице намуртено и едно чувство на незадоволство од вечер до утро.

Не може човекот така да оди напред.

Не може да се заљуби. Да се бори. Да твори. Да живее.

Не може болен човек да гради нешто здраво.

Не може да биде благословен ниту еден негов обид.

И знаеш што. Тоа бара внимание.

Бидејќи, ако сакаме да сме искрени, никој не се родил намуртен.

Сето тоа е последица на егоизмот. На еден егоизам, кој наоѓа отворени врати и влегува.

И како што помиува времето, сѐ повеќе се затвора човекот.

Злото секогаш раѓа зло. Се умножува.

И така, мизерниот, станува сѐ помизерен.

Ништо не го уништува толку човекот, колку мизеријата. Негодувањето.

Повелете. Започнува нова седмица.

Направи нов почеток. Оваа седмица да ја отфрлиш од себе мизеријата, како да се работи за зла болест.

Прости им на твоите луѓе. Труди се да ги насмееш. Така го изгонуваш злото… Побарај ги малите благослови кои ги имаш во животот. Прекрсти се и започни ја борбата.

Среќна и благословена седмица. 

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *