Од каде да почнам?

Loading

Елефтериос Елефтеријадис, психолог


Од каде да почнам? И како во пракса може да дојдам до допир со Христос?
Бидејќи сакам да Го ставам Христос за цел во мојот живот.
Од каде треба да се почне? Што да се прави?
Она што ме восхитува во Православието е тоа што можеш да најдеш одговор за сѐ.
Доволно е да бараш со добра волја. Да бараш со добро расположение. Со меко срце. Да бараш со мерак.
„Дојди и види“.
Три зборчиња.
Целата тајна се крие таму.
„Дојди и види“. Дојди и ќе видиш. Дојди и ќе сфатиш.
Црквата има Свети Таинства. Почни оттука. Почни од исповедта. Почни од епитрахилот на свештеникот.

Истражувај во себе, најди една грешка, еден грев, барем еден мал што ти тежи.
Истражувај, и откако ќе најдеш, најди еден поп и наведни ја главата под неговиот епитрахил.
Не мора да кажуваш многу… Барем една грешка.
„И тоа е доволно?“ – ќе праша некој.
Не. Но, сепак е почеток.
Најдобриот почеток што може да го направи еден човек кој сака да си ја најде повторно својата смисла…

(од книгата „Кажи ми барем една причина за да живеам“)
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *