Не дозволувај никој и ништо да те разочара

Loading

о. Ливиос (о. Хараламбос Пападопулос)

Не дозволувај никој и ништо да те разочара. Твојот идентитет не се наоѓа во „вчера“ (минатото), туку во твоето утре (иднината). Човекот како што го гледа Христос не се исцрпува во неговите дела.

Денес може нешто да успееш, утре може да направиш хаос и задутре чудесии. Нешто што завчера не си успеал, може утре да го постигнеш.

Денес во 8 часот навечер може да си крадец, а утре во 11 часот да си светител.

Кој може да ја знае величината на твоето покајание?

Во лицето на блудницата сите гледаа едно ѓубре, а Христос виде светителка.

Во разбојникот сите гледаа еден злосторник, а Христос го виде првиот жител на рајот.

Тоа значи дека за законите и моралот на светот може да сме една огромна грешка, а за Христос едно големо чудо.

За светот можеби пропаднати, а за Христос бескрајни среде Светлината на Неговата Љубов.

Човекот не е неговото „вчера“. Ниту неговото „денес“. Не е она што го направил, туку она што може да стане. Нека крене рака прв оној кој не направил грешки, па и големи.

Јас исповедам дека сум направил големи грешки и големи гревови. Но не ме плаши тоа. Го очекував. Знаев дека ќе паднам. Икање на душата е мојот грев.

Но, не ме плашат моите падови, бидејќи никогаш не верував во моите добродетели.

Никогаш не верував во моите постигнувања, во моите успеси, во ракоплескањето на светот, во славата и почестите, никогаш не верував дека сум еден извонреден итрец на животот.

Не бев ништо од тоа.

Една рана која крвари бев отсекогаш.

Еден крик на страв и смрт.

Едно раскинато создание кое велеше „ајде да го поминеме и овој ден“…

Дури и кога блескаа светилките на сцената, долу бев секогаш сам.

Знаев колку е минливо сѐ, колку кршливо и преодно.

Затоа никогаш не се разочарав, бидејќи никогаш не бев восхитен од моите добродетели.

Се надевав само на Неговата милост.

Знаев дека најголемиот мој грев е само една капка во океанот на Неговата Љубов.

11.11.2024.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *