Елефтериос Елефтеријадис, психолог
Најопасен човек е неблагодарниот. Оној кој ја гриза раката што му дава јадење. Оној кој со своите зборови ги повредува оние кои „го научиле“ да зборува. Оној кој никогаш не ги цени, кои смета дека му следуваат работите што ги добил…
Најопасен човек е егоистот. Оној кој мисли дека светот се врти околу него. Оној кој сме та неговото „сакам“ за другите е „мора“. Цел живот се лути и погрешно го сфаќа секој човек во неговото опкружување. Цел живот го гледаш или нервозен, или намуртен.

Најопасен човек е оној кој ги осудува своите ближни. Оној кој не ја гледа гредата во своето око, туку бара да најде раска во окото на ближниот. Оној кој има свое мислење за сѐ што се случува во животот на другите луѓе, без некогаш да ги облече нивните чевли.
Нека не те изненадува тоа.
Тоа е истиот човек.
Не постои неблагодарен човек кој не е егоист, и не постои егоист, кој не го осудува својот ближен.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев