Отец Хараламбос Пападопулос
Најголемиот грев е одбивањето на даровите Божји.
Да ти дава Бог светлина, а ти да остануваш во темнина.
Да ти дава исцеление, а ти да одбереш болест.

Да те прави херој, а ти да остануваш секогаш жртва.
Да ти испраќа пријатели, а ти да гледаш насекаде непријатели.
Да ти дава многу, а ти да сакаш сѐ да земеш.
Да ти испраќа љубов, а ти да ја избереш осаменоста.
Да те благословува, а ти да се уништуваш.
„Не мора да живееш невообичаен живот за да бидеш среќен. Сѐ што ти треба за да бидеш среќен го имаш пред себе…“
Едноставно, почни да гледаш околу себе и да велиш „Слава Ти, Боже!“
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев