Мрачно и конзервативно Православие?

Loading

Верата е дар, ти се дава, ако имаш предиспозиции да ја бараш вистината која ти се дава…

…Кога започнав да ја живеам православната вера, за мене велеа дека сум се пореметил, сум изгорел, сум се мрднал, дека не комуницирам. „Што ти е, Ари?“ – ме прашуваа. Моите пријатели  ми велеа „дека потполно сум забегал“. Абре дечки, јас забегав, а сега некако се враќам. Обратно се поставени работите. Порано имав плава, црвена коса и бев на маргините, сега велам дека верувам во Бог и пак сум на маргините.

…По мое мислење ние сме без поука во верата. Не знаеме што значи Православие, имаме некое мислење дека тоа е конзервативност, заостанатост, мрак. Но, колку подлабоко навлегуваш во него, тогаш спознаваш дека човекот е една тајна, и една борба и во секојдневието и во неговото живеење со другиот човек, па оттука оваа врска со Бог те воспитува и ги гледаш работите на поинаков начин, и твојот живот, и твојот човек, и самиот себеси.  

(Извадоци од неговото ТВ интервју од 08.10.2024)

*

Арис Серветалис е грчки актер, роден во 1976 година. Одлично ја одигра улогата на свети Нектариј Егински во филмот „Човек Божји“, но изучувањето на животот на свети Нектариј се одрази во неговиот живот и тоа го поттикна да се обрати кон Бога, да почне да ја живее православната вера, да живее во присуство на Бог. Често оди на Света Гора, а редовен на литургиите и на другите богослужби.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *