Лекција, благослов и љубов

Loading

Елефтериос Елефтеријадис, психолог

Поради три причини доаѓаат луѓето во нашиот живот. Или како лекција, или како благослов, или од љубов…

Доаѓаат како лекција за да нѐ научат на нешто. Некогаш на лесен начин, некогаш со болка. Со тешкотија, со зло. Често не го сфаќаме тоа, но дури тешкотиите, конфликтите, кавгите, расправиите имаат нешто да ни дадат. Имаат нешто да нѐ научат. Нешто да ни кажат.

Некогаш, луѓето доаѓаат како благослов. Како дар. Доаѓаат за да ни донесат радост. Како една утеха, како воздишка. Како оаза среде тешкотиите во животот. Како еден дар од Бога, за да добие кураж човекот и да продолжи понатаму.

На крајот, доаѓаат од љубов.. Кога човекот ќе научи да љуби, тоа не се крие. Тоа е очигледно за неговата околина. Мироточи. Зрачи. Тоа ги привлекува луѓето. Ги привлекува во толку голем степен што другите луѓе сакаат да бидат во негова близина. Сѐ станува рај… „Тешко е тоа“ – ќе ми речеш… Да, тешко е, но и убаво. Многу убаво. Не постои посовршено нешто од љубовта…

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *