Колкаво е моето богатство?

Loading

Еднаш Аристотел Оназис им се обрати на новинарите и им постави прашање:

„Кој ќе открие колкаво е моето вистинско богатство, ќе му дадам 10000 долари“.

За кратко време пристигнаа илјадници писма од новинари од целиот свет. Тој ги задолжи своите соработници да ги прочитаат сите писма. Но, едно писмо се разликуваше од другите…

Аристотел го зеде, го прочита, малку подразмисли и рече:

„Да, ова е точниот одговор. Кој го напишал ова писмо, тој ќе ја добие наградата“.

Писмото беше напишано од една шведска новинарка и во него пишуваше:

„Господине Аристотел, вашето лично богатство се состои од два кубика земја…“

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *