Кога се засакав себеси

Loading

(Легендарен говор на Чарли Чаплин на својот 70-ти роденден)

Кога се засакав себеси, сфатив дека тагата и страдањата – тоа се само предупредувачки симптоми за тоа, дека живеам против сопствената вистина. Денес знам дека тоа се нарекува „да бидеш автентичен“.

Кога се засакав себеси, сфатив колку силно може да навредиш некого, ако му наметнуваш исполнување на сопствените желби, кога уште не му е дојдено времето, и човекот уште не е подготвен, а тој човек сум самиот јас. Денес тоа го нарекувам „себепочитување“.

Кога се засакав себеси, престанав да се стремам кон друг живот, и одеднаш видов, дека сѐ што ме опкружува, ме повикува да растам. Денес тоа го нарекувам „Зрелост“.

Кога се засакав себеси сфатив дека во било кои околности јас сум на вистинското место во вистинското време, и сѐ се случува во вистинскиот момент. Јас можам да бидам спокоен секогаш. Сега тоа го нарекувам „увереност во себе“ (самодоверба).

Кога се засакав себеси, престанав да го крадам сопственото време и да фантазирам за големи идни проекти. Денес го правам само тоа што ми донесува радост и ме прави среќен, она што го сакам и што го тера моето срце да се смее. Тоа го правам како што сакам и во свој ритам. Денес тоа го нарекувам „едноставност“.

Кога се засакав себеси, се ослободив од сѐ што ми штети на моето здравје – храна, луѓе, предмети, ситуации. Сето она што ме влечеше надолу и ме одвлекуваше од себе. На почетокот тоа го нарекував став на здрав егоизам. Денес тоа го нарекувам „љубов кон себеси“.

Кога се засакав себеси, престанав да бидам секогаш во право. И токму тогаш почнав сѐ помалку да грешам. Денес сфатив дека тоа е „скромност“.

Кога се засакав себеси, престанав да живеам во минатото и да се вознемирувам за иднината. Денес го живеам само сегашниот миг и тоа го нарекувам „остварување“.

Кога се засакав себеси, сфатив дека мојот ум може да ми пречи, дека може од него да се разболам. Но кога успеав да го поврзам со моето срце, тој веднаш стана мој скапоцен сојузник. Денес тоа го нарекувам „мудрост на срцето“.

Не треба повеќе да се плашиме од кавги, конфронтации, и од разни проблеми со себе или со другите. Дури и ѕвездите се судираат и од нивните судири се раѓаат нови светови. Денес знам дека тоа е „Животот“.

Превод од руски јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *