Карактеристики и гревови на духовникот

Loading

Свештеник Јани Мулев

Најпрво да има вистинска вера и побожност, беа театралност и драматизирање. Да има доволно љубов и пожртвуваност, да е способен да нѐ прегрне и сака со сите наши гревови и грешки. Да има благодатно расудување, да ги разликува духовите. Да биде искусен во духовната борба, да има знаење за внатрешниот живот на човекот, да има личен опит од благодатта, да биде човек на молитвата, да биде таков кој не само што знае за Бога, туку таков кој Го знае Бога. Да има кротост и смирение, трпение кон туѓите гревови и слабости и вистинска грижа за спасението на својата душа и на сите луѓе. Духовникот е и родител, и брат и најдобар другар. Од наша страна треба да имаме и ние љубов и доверба кон него, да бидеме спремни да ги послушаме неговите совети и препораки, да имаме слобода пред него да разговараме за било која тема, и тој да ни помогне да си ја пронајдеме изгубената личност, и да се изградиме и созрееме доволно, па со текот на годините да немаме толку голема потреба од него. Исто како што родителите ги воспитуваат децата, за да можат во одредена возраст да се осамостојат и да живеат без нив. Ако духовните чеда се зависни од својот духовник, тогаш постои опасност никогаш да не пораснат, никогаш да не созреат.

Гревови на духовникот

Ниту еден духовник не е безгрешен, но има некои генерални гревови и слабости кои најчесто се провлекуваат: Студенило во срцето, рамнодушност, суета, плашливост, неодлучност, отсуство на емпатија и сострадание, глума, пристрасност, користољубивост, избегнување одговорност, умисленост за божемна светост, преголема млакост или преголема строгост, љубопитност, диктатура, безнадежност и тага. Самите духовници треба да се изборат со својот „товар“, но и ние можеме да им помогнеме со тоа што ќе се молиме за нив и нема да ги товараме со непотребни работи и претерани барања.

Православна светлина бр. 73

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *