Како да се чувам од лошите помисли кои ми доаѓаат во умот?

Loading

Одговор од отец Рафаил Нојка:

Не можеш да се запазиш! Сето она што го нарекуваме заповеди Божји, сето она што ни изгледа тешко, не е просто тешко: туку е невозможно!

Кога се чувствуваш безнадежен, кога доаѓаш до точката да речеш: „Ќе успеам ли и јас во тоа?“, твојата природа признава дека „тоа“ не е наше, не припаѓа на нашата биолошка природа. Но, од Бога да не очекувате нешто помалку од она што навистина е невозможно! Бог само во невозможните работи дејствува, бидејќи она што е можно за нас го правиме и самите. Нема Бог да ти ја промеша кашата! Но кога се однесува на Божјите заповеди, тогаш само Духот Божји може да дејствува во тебе.

Сакаш да се запазиш од помислите? Бог ќе ти помогне, но направи и ти нешто: секој пат кога ќе видиш дека ти доаѓа лоша помисла во твојот ум, кажи: „О, Боже мој, погледни што имам во мене!“ И ако имаш некоја недоумица или колебање, прашај Го Бог: „Зошто оваа помисла е грешна?“ Барај од Господ. Врзувај се и одврзувај се невидливо, според духот. Сакаш да научиш како да не го повториш гревот? Моли се на Господа: „Како да не го повторам?“ Барај од Господ храброст, за да не паднеш пак во гревот.

Секогаш да соработуваш со Господ. Бог, знаејќи дека дава заповеди кои за човекот е невозможно да ги исполни (потполно невозможно, би рекол), значи Бог, не чека да ги исполнам: чека, така што, гледајќи ако не сум она што треба да бидам, да речам: „Боже мој, направи и Ти нешто! Однеси ме Ти на Твојот пат!“ Вели Господ: „И, како што им реков на Јудејците, дека каде што одам Јас, вие не можете да дојдете, и вам ви велам сега“. И ако им го вели ова Христос на апостолите, размислете колку повеќе важи за нас. „Не можете да дојдете!“ Не можете! Но потоа му додава на Петар: „Подоцна ќе врвиш по Мене“. Кога подоцна? По слегувањето на Светиот Дух. Ова слегување да биде и со тебе, брате или сестро, кој го постави ова прашање, и со сите вас! Поврзете се до дародателот „Господи!“.

(Јеромонахот Рафаил Нојка е духовно чедо на старецот Софрониј Сахаров од Есекс)

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Изворник: „Η καλλιεργεια του πνευματος“.  

Православна светлина бр. 38

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *