Една девственичка отиде кај авва Памво и го праша?
– Авво, јас постам многу, и јадам еднаш во седум денови. Правам и други подвизи. Го знам напамет Стариот и Новиот Завет. Што уште ми недостасува да направам, та да стигнам до совршенство?
Мудриот старец ѝ рече:

– Чедо мое, кога некој те пцуе, понижува, ти се чини ли тогаш како да те фали?
– Не.
– Кога некој те фали, ти се чини ли дека те навредува?
Не, авво.
– Ајде, чедо, оди си, сѐ уште не си напреднала ни чекор.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев