Зошто Бог не ме исцелува секогаш?

Loading

Преподобен Силуан Атонски се осврнува на тешкотиите со кои се соочува верникот во духовниот живот:

Ете, повеќе години страдам од главоболка и тешко ја поднесувам, но имам полза од неа, бидејќи преку болеста се смирува душата. Мојата душа силно посакува да се моли и да бдее, но болеста ме спречува, бидејќи болното тело бара одмор. И многу Го молев Господ да ме исцели, но не ме послуша. А тоа значи дека ова ми е за моја полза.

Но, еве, еден друг случај, кога Господ ме послуша и ме спаси. На еден празник донесоа на трпеза риба. Па така, додека јадев, една коска ми влезе многу длабоко во грлото. Го повикав свети Пантелејмон, молејќи го да ме исцели, бидејќи манастирскиот лекар не можеше да ми ја извади коската од грлото. И тукушто реков: „Исцели ме“, мојата душа доби одговор: „Излези надвор од трпезаријата, и длабоко вдиши и издиши, и така ќе излезе коската со крв“.

Така и направив и излезе една голема коска со крв. И сфатив дека, ако Господ не ме исцелува од главоболката, тоа значи дека оваа болест е полезна за мојата душа, за да научам да трпам болка.

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *