Старец Никон (Лазару)
Си спомнувам како вели свети Јустин Попович, светиите се Христос, продолжен низ вековите. Светителите се Тело Христово до денес, и сите христијани, но највеќе светителите во неговата најсилна форма. Е тоа, она што се случувало со Христос, се случува и со Неговиот образ. Затоа се вели: Пилат „видел“ (разбрал), на друго место се вели „знаеше“ дека од завист Го предадоа. Од завист. Од ревност. Зависта ги зафаќа и совршените, вели еден голем светител, иако совршените можат да паднат во завист, колку ли повеќе другите, ние кои сме далеку од совршенството. Од зависта на тие луѓе – подобро да не зборуваме колку пострада. Човековиот ум не може да разбере. Еден универзитетски професор ми рече: „Синаксарот на тој човек ќе биде напишан од следната генерација, кога сегашните негови убијци, тие кои го распнаа на крст, ќе бидат мртви“. Јас со тоа научив неверојатни работи. Надвор од секоја логика, надвор од секој разум. А тој секогаш да е исполнет со љубов, исполнет со благост, не само што не треба да има лош збор во него, туку и да не спомнува туѓо име. И научив неверојатни работи. Еден влијателен човек во Америка му се заканувал: „Ќе ти го земам пасошот, попе! Никогаш повеќе не стапнувај во Америка! Да умреш и да бидеш погребан во Грција! Додека сум жив, ти манастир нема да подигнеш!“ И додека беше жив, но дојде време да си замине од овој свет, беа издигнати седум манастири, и старецот беше таму. Што е тоа што нѐ заслепува и не ја гледаме светоста на светителите?
Секогаш едно и исто. Тоа што не сме учесници во светоста. Човек кој се подвизува духовно, ја препознава светоста. Како што било во времето на Христос.
Христос требало да отиде некаде, минува низ Самарија, ја среќава Самарјанката – Самарјаните не биле месни жители, староседелци, тие биле доведени, што се случува сега – некоја соседна држава, која префрла жители од сопствената држава на некои наши острови, за да го претстави населението на островот за свое, исто се случувало и пред Христос. Вавилонците населувале свои луѓе во пределите на Палестина, на Израел. Е така луѓе, кои биле таму седум века веќе станале староседелци. Тие го примиле петокнижието и исто така го очекувале Месијата, но Евреите, Јудејците, месните жители таму не ги сакале Самарјаните. Имаме разговор при кладенецот со Самарјанката, која ја замолил Христос за вода. Таа го препознава вистинскиот Бог, Месијата и ги повикува и другите: „Дојдете, го пронајдов Месијата. И тоа е парадоксот, кој секогаш се случува. Религиозното раководство од другата епоха, век, поставени на висока хиерархија го отфрлиле, а тие смирени и презрени луѓе го разбрале дека Тој не е човек, туку Богочовек. Тој кој беше отфрлен од религиозните водачи, беше примен од бедните, од обичните луѓе. Тие разбрале кој е. Истото се случува и сега.
Тие кои го хулеа Ефрем, кои го осудуваа Ефрем, кои го погребаа Ефрем, зеземаа високи позиции.
Имам слика од еден голем маж со розови образи, со златен ланец, кој знае каква награда и каков медал е тоа и вели го носам со гордост, и хулејќи на старецот вели: „Тој е маска“. „Не се доближувајте до него!“ И што вели на тоа скромниот свештеник? Сите тие луѓе се учени, сите тие луѓе се теолози, а отец Ефрем, дури немал ни основно училиште, како свети Порфириј. Каде се сите тие? „Со нив замина и нивниот спомен“. Не можам многу да ви кажувам да не се разгневите. Се чудам како издржа. Како го издржа целото тоа зло.

Човековиот ум не може да го разбере. Три пати се обидуваа да го убијат. Три обиди за убиство. При еден од тие пред него беше еден лекар. Го турнале по скалите на една зграда, не стамбена зграда, туку облакодер, за да исчезне засекогаш. Кога излезе книгата „Мојот старец Јосиф Исихаст“, во која се опишува какви маки тргале по карпите на „Мала Света Ана“, јас си ги спомнувам сите работи, кои ми ги раскажуваше, секоја година одев да го видам во Америка, бидејќи имам на послушание еден човек, кој отишол во Америка на 17 – 18 годишна возраст и се вратил на 55 години и му рекол на старецот кој го имал за духовник:
– Старче, ќе ми дадеш ли благослов да станам искушеник кај старец Никон во Неа Скити?
Тој му рекол откако со двете раце го прекрстил:
- Ќе отидеш кај моето чедо? Оди, оди, оди.
И тој дојде, јас го направив монах, но тој има американско државјанство и пензијата, осигурувањето и возачката дозвола му се во Америка, тој секоја година оди и ме зема и мене, така што секоја година одам во Америка и сега само што дојдов од таму. Не сега, пред еден месец. И се гледам со старецот секоја година.
– Старче, велам, како ги издржавте тие искушенија, такви страданија и такви маки на Света Гора?
И што ми рече тој?
– Дете мое, сето тоа, кое го претрпев во текот на 60 години на Света Гора, е ништо според тоа што го трпев во еден ден во Америка.
Најдобро никој човек да не разбере што се случило. Подобро е никогаш да не се напише целиот синаксар на тој маченик. Затоа што ако работите излезат во јавност, сите ќе се срамиме од себеси, што сме дел од човештвото.
Да, но обичните луѓе го примија. Обичните луѓе во отец Ефрем гледаа обичен свештеник од своето село. Оние кои ги напуштаа островите, оние, кои ги напуштаа селата, оние, кои ги напуштаа планините, за да спечалат парче леб, гледаа свештеник кој го беа оставиле и го прифатија. И тие прости сиромашни луѓе направија неверојатно чудо – 20 манастири. Спротивно на секоја логика. Надвор од секаков разум. Историјата никогаш не забележала такво нешто. Еден човек, еден свештеник со основно школо, да наполни четири манастири на Света Гора, да поткрепи и наполни или едноставно да покрепи и помогне на 10 женски манастири во Грција и на 20 манастири во Америка. Кога историјата видела човек да има повеќе од 30 манастири под своето име? Ниту историјата на Православната Црква, ниту историјата на папата. И тоа, еден мал свештеник со основно школо. Што ни пречи да разбереме дека тој мал свештеник, кој дури не може да зборува не го направил тоа сам?
Не беше голем оратор, да речеш ја привлекувал толпата со убаво зборување, со зборови. Ако го слушате на интернет, тој има глас како на 13-годишно момче. М,м,м… „Велиш: Кој зборува? За што зборува?“ За да разберете дека тоа што се случило не е човечко. Бог преку тој маченик го направил тоа неверојатно дело. А зошто богословите и оние кои се на висока позиција не можат да го видат тоа? Зошто луѓето тоа веднаш го видоа? Неговиот старец Јосиф Исихаст беше признаен од ерархијата и е канонизиран за светител, кога? Пред две години? Знаете ли дека сум видел икони на Јосиф Исихаст во манастирите, кои го изобразувале со ореол десет години пред Патријаршијата да каже: „Јосиф Исихаст е светител“. Пред десет години. И не само мали икони. Фрески во манастири, од едната страна на фреска насликан блиску два метра на која св. Григориј Палама ја протега раката и ја држи Црквата, а од другата страна Јосиф Исихаст ја држи Црквата заедно со свети Григориј Палама. Двата големи столба на Црквата. Пред Јосиф Исихаст да биде канонизиран. Од каде луѓето знеле, дека Јосиф Исихаст е светител? Ете од каде знеме дека Ефрем е светител. За жал, Бог им го зема умот на оние кои сака да ги накаже.
Сите тие дами и господа, бидејќи и некои дами го хулеа Ефрем, не го читале Кјеркегор за да го знаат тоа убаво нешто што го кажал: „Тиранинот умира и царството негово завршува. Маченикот умира и неговото царство започнува“. Крвта на светиите е крвта на Христос, таа е семе на Христос. Тој човек претрпе мачење на неверојатен начин. Се молам на Бог откако ќе станат познати, да не се дознаат имињата за она што му го направија како во Грција, така и надвор од неа.
Не толку многу во Грција. Повеќе го мразеа еден или двајца од незнаење, на Света Гора, за да се остварат зборовите: „Непријатели на човекот се неговите домашни“ (Мт. 10,36) и да научиме да не зборуваме лично за никого. Не знаете дали работите на тие кои ги осудувате, се такви како што ви изгледаат. Возможно е да се случуваат работи кои не ги разбирате. Осудете му ги делата ако ви изгледаат неправилни. Никако човекот. Никој човек, затоа што ќе се најдете во адот без да знаете. Делата кога се лоши, не можете да кажете дека се добри. Тие се лоши. Кога се еретички, не можете да кажете дека тие се православни. Тие се еретички. Не ги судиш еретиците, туку ереста.
Да се судат еретиците е работа на соборите, тоа е Божја работа, затоа што тој што го судиш може да се покае и да отиде во рајот со неговото покајание, а ти можеш да отидеш во адот, за тоа што си го осудил. Бездруго ти ќе загинеш. Така не го познаа и Ефрем. Тука застанувам затоа што историјата со такви необични појави нема крај.
Повторно велам необична појава, бидејќи е така, затоа што човек кој бил необразован како Порфириј, како Пајсиј, сите необразовани, сите со основно школо. Отец Георгиј Карслидис, Јаков Цаликис, сите последни светители на нашата Црква се со основно школо. А ние образованите луѓе, после тоа одиме на гробот на неукиот и просиме: „Свети Божји угодниче, застапи се за мене, кажи за мене еден збор за да се спасам!“ И немаме разум да видиме дека светското знаење не нѐ спасува, мудроста на овој свет не спасува. Тоа знаење тука, вели св. Исаак Сириски, се претвора во окови, се претвора во вериги, кои ти пречат да стекнеш богопознание. Тоа е знаењето, за кое св. ап. Павле вели дека „возгордејува“, тоа ти го подгрева умот. Лажно знаење. Потребно е вистинско знаење. Тоа те тера да не примаш ни еден збор од друг. „Јас не сум неук, знам по нешто“. Ништо не знаеш. Што знаеш?
Ако знаеш, зошто одиш да го молиш неукиот светител да те спаси? Добриот Господ нѐ просветли да го видиме тоа што е пред нашите очи, затоа што за жал не го гледаме.
Кога замина за Америка, не разговарав со него. Секоја година се среќававме во Филотеј. На почетокот доаѓаше и јас таму го сретнував. Никогаш не сме зборувале по телефон.
Еден ден телефонот заѕвони, бев во тешка духовна состојба, го имав и првиот искушеник, не сакав искушеници, ги отпуштав еден по еден… Во тоа време за духовен наставник го имав игуменот на манастирот „Свети Павле“. И тој ми рече: „Зошто го правиш тоа?“ Му одговорив: „Отче, тука дојдов за да живеам во молчание. Освен тоа можам ли да помогнам на друг?“ Тие искривени смиренија кои сите ги имаме. Тој рече: „Не, чедо мое. Треба да го примиш искушеникот, затоа што не само старецот му помага на послушникот, туку и послушникот му помага на старецот“. Тоа не ми беше паднало на памет дека некој може да ми помогне, иако јас му помагам.
„Од внатре, надвор“ (Грчки наслов е „Умот, кој што го носиш“). Не знам дали сте го гледале тој филм. Ми кажаа дека е многу убав, но јас не сум го гледал. Треба да го гледате. Ми кажаа дека ја претставува војната, којашто ја водат мислите во нашиот ум. И така го примив првиот искушеник. Поминавме низ тежок период и не знаев како да му помогнам. И јас бев почетник како старец. Телефонот ѕвони, една жена прашува за мојот искушеник… Велам: „Мајка му?“ Дали слушнав мајка му или сестра му? Гласот звучеше познат, ме потсети на една моја тетка од Мениди, Маргарита. Помислив да ја прашам „Тето Маргарита, ти ли си?“ Си помислив, ако беше тетка Маргарита, ќе ме побараше мене, а не искушеникот. Го викнав, отидов до кујната и реков: „Една од твоите тетки те бара. Можеби е мајка ти?“ Тој отиде, јас се качив горе во ателјето, ќелијата е на вториот кат, работев, одев надолу и го слушнав како вели: „Да, да, нека е благословено!“ Си помислив: „Хм, тој брзо го научил монашкиот јазик. Да биде благословено!“ Се качував, се симнував, долго зборуваа. По некое време тој го затвори телефонот, јас влегов во кујната, откако тој запре да зборува ми рече: „Старче, дедото…“ Имаше во предвид дека мојот старец Ефрем, затоа што јас како негов духовен отец, мојот духовен отец е негов дедо. Исто така ние го нарекувавме старецот на нашиот старец – Јосиф Исихаст – дедо Јосиф.
Мојот искушеник ми кажа: „Старче, нашиот дедо нѐ гледа од Америка“.
Си велам: од каде му дојде таа идеја?
– Да, се разбира, велам, тој нѐ гледа. Тој е свет човек. Светителите нѐ гледааат.
Тој беше замислен.
– Старче, тој реално нѐ гледа.
– Да, се разбира, тој реално нѐ гледа. Но зошто тоа сега така ненадејно ми го кажуваш?
– Ми кажа да не се секирам, св. Димитриј кој го изврши чудото кога бев осум години и ме спаси од смрт, ќе ми помогне и сега, да те слушам, само да бидам трпелив.
Кој ти кажа?
– Дедото.
– Каков дедо? – му реков.
– Дедо Ефрем, старче, од Америка.
– Кога ти го кажа тоа?
– Сега – вели тој, – зборував со него.
Само што не добив удар. Тоа беше мојот старец! Добро што не прашав: „Тетка Маргарита, ти ли си?“ – после тоа ќе умрев од срам. Слушнав еден слаб глас… Тој глас ми е познат. Како ме зачува Света Богородица и не реков: „Тетка Маргарита, ти ли си?“ и ми рече: „Дај ми го Константин“. Јас го повикав.
– Старецот ли беше? – го прашав.
– Да, старецот. Тоа беше твојот старец.
– И што сакаше од тебе?
Старец Ефрем не знаеше дека имам искушеник. Тој не знаеше, дека името на мојот искушеник е Константин. Мислев да му кажам кога ќе дојде наредната година во Филотеј.
Како е можно тој да знае, дека мојот искушеник кога бил 8 години, за малку ќе умрел и бил спасен од св. Димитриј во Солун? Како знае тој мал свештеник во Аризона? За еден човек кој никогаш не го видел во животот.
– Тој ми кажа дека св. Јован Крстител, кого толку многу го сакам, нема никогаш да ме остави.
Навистина мојот искушеник има голема почит кон Претечата. Од каде тоа го знае Ефрем во Аризона, кога никогаш не го видел искушеникот? Кога никогаш не се сретнал со него.
Ние не можеме да разбереме дека не сме сами. Секогаш има луѓе што нѐ гледаат, кои нѐ чуваат, кои нѐ покриваат, кои нѐ заштитуваат, кои ни помагаат, додека да се разбудиме, да разбереме, дека Царството Божјо е дојдено. Тоа веќе е минато и сегашност. Кога ќе го осознаеме тоа ќе престанеме да се тревожиме и да се плашиме. Ќе се радуваме, ќе се припоиме до Црквата Христова и Неговите светители, како Јосиф Исихаст, како Ефрем Аризонски, како Пајсиј, како Порфириј… Бог да ми прости што уште ги нарекувам отец Пајсиј, отец Порфириј, но тоа е затоа што ги познавам, уште ги гледам на тој начин…
Превод: Протоереј Игор Пармачки
Православна светлина бр. 73