За расудувањето – свети Нектариј Егински

Loading

Ви препорачувам во сѐ да имате расудување и размислување. Да ги избегнувате крајностите. Строгоста треба да е според мерката на добродетелите. Оној кој нема големи добродетели, а се натпреварува со совршените, сакајќи да живее строго, како светите подвижници, таквиот е во опасност да се погордее и да падне (во грев). Затоа да чекорите со расудување и да не го истоштувате телото со прекумерен труд. Да си спомнувате дека подвизите на телото просто ѝ помагаат на душата да стигне до совршенство, а совршенството се постигнува главно преку борбата на душата.

Не ја оптегнувајте прекумерно струната. Да знаете дека Бога не можеме да го присилиме во Неговите дарови; дава кога Он сака. Сѐ што добиваме, го добиваме дарум по Неговата милост.

Не барајте да стигнете високо со големи подвизи, без да имате добродетели, зашто во опасност сте да паднете во прелест заради вашата надменост и дрскост. Оној кој бара божествени дарови и возвишени виденија, додека е сѐ уште натоварен од страсти, таквиот како безумен и горделив, паѓа во прелест (себеизмама). Пред сѐ треба да се подвизува за своето очистување. Божествената благодат ги испраќа даровите како награда за оние кои се имаат исчистено од страстите. Ги посетува нечујно и во часот кога не знаат. 

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *