Културно и човечки е да се вреднува сечиј труд и авторство. Кога се преземаат текстови од некоја книга, веб страна или блог, треба да се наведе изворникот: автор, наслов на книга, место и година на издавање; а кога преземаме од некоја интернет страна или блог, тогаш да го наведеме линкот од каде што сме го презеле конкретниот текст или информација. Тоа се нарекува професионално работење. Кај нас се случува нешто спротивно. Имено, многу преводи ми беа украдени, па дури и авторски текстови ми беа украдени и наведени под туѓо име – тоа е плагијаторство и противзаконско дело. Затоа, ги молам сите оние, кои преземаат текстови од овој блог, да постават линк од каде е преземен конкретниот текст. Културно и човечки.