За оние кои мислат дека светителите се мртви коски

Loading

Димитриј Панагопулос, свештенопроповедник

Еднаш бевме на поклоничко патување кај преподобен Патапиј (неговиот спомен се слави на 8/21 декември) во Лутраки со осум автобуси.

Во мојот автобус имаше еден пар од Кипар. Мажот не веруваше во ништо. И кога слушна дека зборувам и го насочував народот за тоа, каде одиме и што ќе видиме таму, ми рече:

Манастир „Свети Патапиј – Лутраки“
  • Какви мрачни работи се овие? Каде нѐ носи? На гробишта ли ќе нѐ носи овој?

И кога стигнавме таму, воопшто не дојде внатре за да се поклони пред светителот. Ја зеде жена си и побара да оди и да се одмори некаде, со оправдување дека е многу уморен и такви некои работи.

Монахињите му дадоа некоја ќелија да оди и да се одмори.

Тукушто отиде да се одмори, му се појави свети Патапиј седнат на еден камен, на скалите кои се наоѓаат надвор од портата каде што се чуваат нетлените негови мошти и му се смееше. Потоа светителот му рече: 

  • Зошто не дојде тука?
  • Кој си ти?
  • Јас сум оној кој е тука.
  • Но тука е свети Патапиј, но јас не…
  • Да, јас сум тој…
  • Па ти си жив!
  • А ти што мислеше, дека сум умрен?
  • Ти си таму внатре?
  • Да, јас сум…

Стана преплашен од креветот и ја разбуди жена си велејќи:

  • Жено, станувај!
  • Зошто да станувам? Па сега легнавме…
  • Стани да одиме долу!
  • Па нели ти не сакаше да одиме таму.

Стана и отидоа долу во црквичката каде што се моштите на светителот. И го следа свети Патапиј како седи на каменот, како што го виде во сонот и му се смешка! И му направи знак, како да му вели: Ајде, влези внатре!

Влезе и тој внатре, потресен, шаштисан, го беше изгубил говорот… и влезе внатре и се поклони на моштите на свети Патапиј. И остана таму до утрото како кутре, понизен и исцрпен! Покрај светителот… За жал, некои мислат дека светителите се само мртви коски…

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *