Јас сум Луис од Австралија, дете од „геј родители“ и ова е моето искуство од моите геј родители.
Мајка ми и татко ми никогаш не беа венчани во брак и додека татко ми беше хомосексуалец, мајка ми беше „би“, и беше поминала повеќе години во врска со жена, пред да се родам јас.
Се родив од „секс за една ноќ“ кога мајка ми и татко ми биле пијани.
Моите родители никогаш не живееја заедно, и постојано бев под грижа на старатели сѐ до мојата осма година, и само периодично живеев со мајка ми.
Сѐ до мојата тринаесетта година бев постојано со старатели.
Од мојата втора година не го имав запознаено мојот татко, сѐ додека не наполнив тринаесет години.
Тогаш отидов да живеам со мојот татко и неговиот хомосексуален љубовник, бидејќи мајка ми сакаше да поминам некое време со него, затоа што тој никогаш немаше покажано никаков интерес за мене кога бев дете.
Никогаш не ми се допадна да живеам со нив.
Нивната „хомосексуалност“ им беше како религија, и постојано ја покажуваа како да сакаат да ги убедат сите дека се геј во сите нивни дела. Се чинеше како да мораат да покажуваат дека се геј. Тоа им беше како религија, нивни единствен идентитет, белег на нивната чест. Постојано зборуваа за тоа.

Нивната хомосексуалност беше тема број еден, повеќе од било што друго.
Се сретнуваа со луѓе и се претставуваа како: „Здраво, се викам Сајмон и јас сум геј“.
Луѓето стрејт (нормални) не го прават тоа. Не излегуваат надвор да викаат: „Здраво, јас сум Сајмон и јас сум стрејт“, но тато и неговиот партнер го соопштуваа и им го покажуваа тоа на луѓето.
Сексуални алузии постоеја насекаде. Секогаш се гледаа со други мажи, иако беа заедно 13 години. Не изгледаше дека се обединети, туку остануваа заедно и не сфаќав зошто.
Одевме на пример во супермаркет и тие зјапаа по други мажи и коментираа: „Види го, зарем не е убав оној?“
Чувствував дека не можам да носам другари дома, бидејќи сѐ во станот беше „геј“. Нивното однесување, начинот на кој зборуваа, нивните дела – сѐ беше „геј“. Сѐ изгледаше претерано и неприродно и се плашев од тоа што ќе помислат моите другари.
Не можев да ги запознаам со мојот татко бидејќи се срамев од него. Често им правеа сексуални забелешки на моите другари кога си заминуваа од дома и тоа ми беше одвратно.
Тато и неговиот партнер ме бакнуваа по образот. Секогаш ми беше непријатно. Тоа го правеа постојано, дури и кога влегов во пубертет. Од моите другари и од филмовите дознав дека татковците обично не ги бакнуваат нивните синови кога се во пубертет.
Постоеја некои граници. Секои два месеци ме тепаа како да сум мало дете. Сѐ беше искршено. Постојано имаше борби помеѓу тато и неговиот партнер, се маваа и гаѓаа еден со друг со чинии и храна. Никогаш не се чувствував безбеден.
Постојано се пазев себеси дома. Се чувствував сексуално немоќен. Имаа поставено камери во станот, па дури и во мојата лична соба. Најдов дури и видео од мене во еден од нивните компјутери.
Другите мислеа дека и јас сум геј, и тоа ми предизвикуваше срам. Чувствував дека тоа не е исправно. Чувствував дека постои некое очекување од мене дека треба да бидам геј, но и покрај тоа јас немав никаква привлечност кон мажи. Би требало да сум геј од моите геј родители. Тоа ми создаваше голем конфликт во мене.
Не даваа никакво значење за моите чувства. Ми подготвуваа храна за во училиште која не ја поднесував. Не им беше гајле за мене, за она што го сакав или за тоа како се чувствувам за било што.
Еднаш отидовме на забава кај еден 40-годишник. Мислев дека сме едноставно поканети гости. Не знаев дека тато ќе биде главниот „забавувач“. Го видов облечен како женско и пееше песни од ABBA. Не ми кажаа ништо претходно. Чувствував како да сум јавно исмеан.
Не можев да им кажам ништо за она што го доживував во мојот пубертет, бидејќи не беа доволно „мажи“ во нивното однесување и живеење. Тоа беше како да зборувам со жени. На крајот зборував со една службеничка.
Останав со нив сѐ додека мојот татко не го напушти партнерот кога имав 17 години и татко ми ме избрка од дома.
Бидејќи немав каде да одам, продолжив да живеам со неговиот поранешен партнер сѐ до мојата 21 година.
Тој беше исклучително нападен и сакаше да има апсолутна контрола врз мојот живот и ме натера да потпишам документ дека се согласувам тој да има апсолутна власт над мене, како и тоа да има апсолутна контрола врз мојата банкарска сметка.
Дури и откако заминав да си живеам свој живот, се обидуваше да контактира со мене и да бара контрола врз мене сѐ додека не му се заканив дека ќе го пријавам во полиција.
Моето искуство од живеење со геј родители ми остави белег во чувствата и ме направи да чувствувам дека моето растење е многу конфузно. Постоеше една голема празнина во мојот живот која требаше да се пополни и никогаш не се наполни, бидејќи никогаш не почувствував дека сум сакан во било која етапа од мојот живот.
И покрај тоа, како и другите кои произлегуваат од една таква ужасна средина, почнав да остварувам подобра врска со обата родители, и исто така си го најдов мирот во мене со конзервативните вредности кои ги имам денес. Нивните вредности не се мои вредности, но се трудам да ги почитувам бидејќи се мои родители. Да бидам искрен, ако не ги имав овие искуства, немаше да имав јасни одговори на вистинските прашања кои се преплетуваат со оваа тема.
Геј луѓето ги сметаат нормалните како „хомофобични“ ако не се согласуваат со нивниот начин на живот. После толку години што ги поминав со нив, ми се изгради ставот дека да бидеш геј најчесто е начин на живот. Лајфстајл. Тоа е едно шоу. Сѐ се врти околу тоа „јас, јас, јас“, а не со идеалниот амбиент за растење на децата.
Според тоа, гласав против „бракот“ на лица од ист пол на изборите, и вас ве повикувам исто така да гласате против, за доброто и безбедноста на децата.
Луис, менаџер на кампањата
Vote No Australia
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев
Православна светлина бр. 71