Секогаш ме трогнувале зборовите Христови „Но зборот ваш да биде: да, да, – не, не, а сè што е повеќе од тоа, од лукавиот е“ (Мат. 5,37).
Нашето „да“, да биде „да“. Истото важи и за нашето „не“!
Не треба да бидеме како трските кои ги ниша ветрот, да се потчинуваме на јавното мислење, туку да бидеме стабилни како карпи среде водниот тек.

Не треба да бидеме како рибите кои пливаат со водниот тек (бидејќи само мртвите риби пливаат со водниот тек), туку да пливаме спротивно на текот, дури и против политичките текови.
Не треба да бидеме како камелеони, кои ја менуваат бојата во зависност од нивната околина, туку да се двоиме видливо, спротивно на нашето опкружување.
Стабилни и непоколебливи кон вредностите од нашата вера.
отец Христофор
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев