Елефтериос Елефтеријадис, психолог
Да бараш прошка од човекот непокајан во момент кога не си му
згрешил ништо, му причинува зло и нему и на врската и тебе…

Да ја наведнуваш постојано главата, кога другиот нема
никакво расположение да слушне, тоа ќе го направи да се однесува уште полошо,
од ден на ден…
Да очекуваш да те почитува човек кој смета дека ти му
припаѓаш, тоа е утопија.
И да се има трпение во болни состојби, води со математичка
прецизност кон психопатологија.
Постојат случаи кога не треба да бараш извинување.
Постојат случаи кога не треба веќе да ја наведнуваш главата.
Постојат случаи кога со добрина сакаш да го поучиш другиот, на крајот му правиш лошо.
Постојат случаи кога „до тука“ е единственото решение.
Христос воскресе!
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев