Внимавај како влегуваш и како излегуваш од црквата

Loading

Свети Максим Грк

Секој пат кога сакаш да одиш во Црква, ако сакаш, внимавај на она што го говори нашата чиста вера, потруди се да го помниш, да не го забораваш, дека одиш во најчистата палата на Севишниот. Таму, каде што е Неговиот престол. Таму, каде одекнува непрестајно ангелската песна: свет, свет, свет е Господ Саваот!

Внимавај, и како влегуваш и како излегуваш! Ако твојата душа е чиста од лаги, омраза, од непријателство и злоба, од желби нечисти, облечи едноставна и смирена облека, облека која им доликува на христијани (=не за покажување, не облека за светски дружби). И отиди во црквата, со страв Божји, со смирение, со љубов. Ако така одиш во Црква, да знаеш: Ти си блажен и преблажен. Уште во овој живот! А ќе бидеш уште поблажен и преблажен во вечниот живот!

(Неговиот свет спомен се слави на 21 јануари/3 февруари, и на 21 јуни/4 јули)

Житие на свети Максим Грк

Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *