(Од житието на свети Јован Шангајски)
Владиката Данило Крстиќ, веќе како завршен богослов, отишол кај владиката Јован Шангајски, да побара благослов за да се замонаши.
И му рекол: „Владико, благословете! Би сакал да се замонашам“.
А светиот владика Јован му рекол: „Не, оди и да се ожениш“.

Данило се натажил и си заминал, и по некое време не го послушал, и се замонашил.
Од тој ден избегнувал да се сретне со владиката Јован, бидејќи му било срам. Најпосле се сретнале и Данило му рекол:
„Простете, Владико, што не ве послушав, јас се замонашив“.
А тој му одговорил:
„Па така и требаше, човече, одлично. Вие Србите правите сѐ спротивно на она што ќе ви се каже. Затоа и јас намерно ти го кажав спротивното од она што треба да го направиш“.
Превод: Свештеник Јани Мулев