Барај такви луѓе

Loading

Елефтериос Елефтеријадис, психолог


Барај луѓе со кои исто размислуваш. Луѓе кои те разбираат. Луѓе кои го гледаат светот со исти очи како тебе.
Барај луѓе кои те одмараат, од чие друштво ти се олеснува душата.
Барај луѓе смирени (понизни), кои имаат страв Божји, луѓе кои не мислат дека самите тие се богови.
Барај луѓе едноставни, кои не прават да чувствуваш притеснетост покрај нив. Луѓе пред кои не мора да глумиш дека си нешто поинакво од она што во реалноста си.
Барај такви луѓе, пријателе мој.
Луѓе кои ќе ти помогнат еден ден за да го допреш небото.
Барај такви луѓе, и ако ги најдеш, не дозволувај да ти заминат.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев

Не кради, сподели:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *