Старец Ефрем Аризонски
Големо богатство е да имаш човек кој ќе те влече кон небесните, кон духовните работи, кон божествените, а не кон земните, суетните и светските нешта.
Големо богатство е да имаш човек чиј што живот е пример за тебе и за секого.

Блажени се таквите луѓе, меки, расудливи, задоволни, спокојни.
И благословени се оние кои ги имаат во својот живот.
Не барај едноставно човек во твојот живот кој ќе ти донесе привремена радост. Да бараш човек кој ќе ти помогне духовно да напредуваш.
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев