Елефтериос Елефтеријадис, психолог
Тоа што не ги филтрираш твоите зборови не те прави искрен.
Те прави груб…
Устата ти е дадена не за да провоцираш и да вознемируваш луѓе.

Устата ти е дадена за да утешуваш. Да бакнуваш. Да успокојуваш.
За да го советуваш другиот со мекост. За да го водиш кога ќе го побара тоа од тебе.
Устата ти е дадена за да се смееш. За да пееш. За да се молиш. За да ги читаш мудрите и свети зборови, повторени по илјада пати.
Затоа ти дадена устата. За добро. За благост.
За да ја смируваш душата и совеста.
Затоа внимавај како ја користиш.
Тоа што не ги филтрираш твоите зборови не те прави искрен.
Те прави груб…
Превод од грчки јазик: Свештеник Јани Мулев